Идната седмица можни се блокади на границата меѓу Косово и Србија

Loading...

Претседателот на општината Косовска Митровица, Крстимир Пантиќ во саботата рече дека не се исклучени нови блокирања на патиштата и административните премини меѓу Србија и нејзината поранешна покраина Косово, доколку Србите од северно Косово не ги добијат бараните гаранции при примената на интегрираното управување со граничните премини.

„Барикадите се моќни, но искрено се надевам дека до тоа нема да има потреба да дојде“, изјави Пантиќ во интервјуто за српската агенција Танјуг.

Најавува дека претставниците на општините од северот на Косово каде што  е доминантно српското население, на 4-ти декември повторно ќе се сретнат со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, кому ќе му предадат потпишан технички протокол за имплементација на договорот за интегрирано управување со административните премини, по што собранијата на општините ќе се изјаснат за натамошните чекори.

Србите од северот на Косово бараат цврсти гаранции дека стоките од овој дел на новата самопрогласен државен субјект нема да се царинат на премините Јариње и Брњак, дека на Србите нема да им биде наметнати албански документи, и дека нема да им бидат одземани возачките дозволи и регистарски таблички што ги издава српското министерство за внатрешни работи, прецизира во интервјуто Пантиќ.

Додава дека за Србите е неприфатливо приходите од наплатата на царината да се слеваат во буџетот на Косово, бидејќи со тоа индиректно би била признаена независност на Косово, а најголемиот дел од нив да одат за српските локални самоуправи на северот.

Пантиќ, исто така, во интервјуто наведува и дека безбедносната ситуација на Косово секој ден се усложнува и дека инцидентите, особено во мешаните населби, се зачестени, што според него е притисок врз Србите да ја признаат независноста на Косово.

 

Макфакс

loading...