Фудбалерот на Реал Мадрид кој се опоравува од повредата убеден е дека нема подобар играч од него на позицијата лев бек.
Марсело во екипата на Реал Мадрид пристигна во 2007-мата година од Флуминенсе како наследник на легендарниот бразилец Роберто Карлос.
Од кога пристигна во клубот, Марсело стана прв избор на позицијата лев бек без оглед кој седеше на клупата на Реал.
Чекајќи враќање на терените, бразилецот говореше околу тоа како е исполнет со самодоверба.
„Мислам дека моментално сум најдобар лев бек на светот. Морам да верувам во себе и да размислувам на тој начин како би продолжил да се подобрувам од ден во ден“ вели Марсело.
Пронајдете не на следниве мрежи: