Керик: Можеме и подобро!

Играчот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик верува дека екипата може да напредува и покрај тоа што тимот на Манчестер Јунајтед игра добро и се наоѓа на првото место во англиската Премиер Лига.

Исто како и Фергусон, кој говореше дека победата на Манчестер Јунајтед над Ридинг не е доказ за квалитетот на овој тим, така и Мајкл Керик се надоврза а воедно и се сложи со својот тренер дека екипата може и мора да игра подобро.

„Постојат стандарди кои си ги поставивме на себе си и не можеме да бидеме задоволни се додека не сме играле со целосниот потенцијал со кој располагаме. Постои огромен простор за напредок во играта и се радуваме на тоа што одредени аспекти се поправаат но треба да се има во предвид и тоа дека сме на првото место на табелата што е голем резултат“ изјави Керик.

Пронајдете не на следниве мрежи: