Аргентинскиот интернационалец во редовите на екипата на Барселона, Лионел Меси, призна дека му се допаѓаат пофалбите, но тие не биле мотив за неговите одлични игри во дресот на Барселона.
Лионел Меси му недостасуваат два гола да го сруши рекордот на Герд Милер по бројот на постигнати голови во една сезона.
На аргентинецот може да му припадне „Златната Топка“, која би му била четврта, а како што вели и самиот Меси, честите споредби со Пеле и Марадона, не му биле инспирација иако му се допаѓале таквите споредби.
„Ми се допаѓа тоа што ме споредуваат со Пеле и Марадона. Сепак, се трудам да бидам се подобар и подобар од ден во ден и да би можел да помогнам на тимот а не да ја фасцинирам јавноста“ вели Меси.
Пронајдете не на следниве мрежи: