Поранешниот капитен на англиската репрезентација, Дејвид Бекам, се чини дека ќе продолжи во ПСЖ.
Медиумите во Франција на големо шпекулираат дека Дејвид Бекам наскоро ќе се пресели во екипата на Париз Сент Жермен.
Бекам би потпишал договор со францускиот тим до крајот на сезоната.
Според информациите кои ги пренесуваат француските медиуми, се вели дека англичанецот би се приклучил во ПСЖ наредниот месец, кога му истекуваат обврските кон тимот на ЛА Галакси.
На негово место во ЛА Галакси според некои шпекулации би требало да стигне фудбалерот на Реал Мадрид, бразилецот Кака.
Пронајдете не на следниве мрежи: