Нејмар го повикува Робињо во Сантош

Младата ѕвезда на Сантош, Нејмар, го повика својот сонародник да му се приклучи во тимот на Сантош.

По победата над Палмеирас со резултат 3-1, каде два пати ја затресе противничката мрежа, на прес-конференцијата за новинарите, Нејмар не ја криеше желбата да заигра во тимот со Робињо, кој својата играчка кариера ја започна токму во тимот на Сантош, каде во моментов настапува Нејмар.

„Јас сум пристрасен бидејќи тој е мојот идол, а да се игра со идолот во клубот е важно за секој играч. Ако навивачите го посакуваат, јас исто така, но претседателот Луис Алваро Рибеиро е тој што одлучува“ изјави Нејмар.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.