Нани се сели во ПСЖ

Според неофицијалните информации, португалецот во редовите на Манчестер Јунајтед, Нани, би можел во јануарскиот преоден трансфер-период да се пресели во редовите на ПСЖ.

Нани добива се помала минутажа во Манчестер Јунајтед, а не е тајна дека Алекс Фергусон не е баш задоволен од настапите на 26-годишниот португалец.

Последните неколку месеци се шпекулираше дека Нани би можел да се пресели во Манчестер Сити, но како што наведуваат извори блиски на играчот, мали се шансите за таков трансфер на португалецот.

Според неофицијалните информации, се вели дека Нани би можел да се пресели во тимот на Париз Сент Жермен, имено, тренерот на екипата на ПСЖ, Карло Анчелоти веќе со месеци го прател португалецот кој не е во прв план кај Фергусон во Манчестер Јунајтед.

Пронајдете не на следниве мрежи: