Дневен хороскоп за 03.12.2012 – понеделник.
Овен
Пожелно е да се искористи оптимизмот и потребата за партнерство со цел да се оствари интензивна тимска соработка. Денот е во знак на социјални и деловни контакти. Доколку бидете максимално попустливи, ќе имате последици. Затоа се советува златна средина во се'.
Бик
Сконцентрирани сте на љубовта. Сакате да ги решите прашањата што долго ве мачеа. Бидејќи сте песимистички настроени, можеби денеска не е вистинскиот момент? Можеби носењето одлуки треба да се одложи за некој ден? Ќе бидете потолерантни и помирољубиви. Размислете.
Близнаци
Настојувате да бидете во центарот на сите случувања. Можеби малку претерувате? Искористете го талентот за пропаганда на соодветен начин. Не губете залудно време озборувајќи и трошејќи ја енергијата на луѓе кои тоа не го заслужуваат. На повидот е финансиска добивка.
Рак
Желбата за знаење е силна, така што енергијата е насочена во тој правец. Суптилните припадници на знакот ќе тргнат во проучување на сопствената личност, додека оние другите ќе бидат заинтересирани за материјални добивки. Имате пред себе јасна цел за штедење, па функционирате според тоа.
Лав
Лавовите размислуваат за промена на престојот. Бидејќи не сте способни да носите правилна одлука, обидете се да одложите се' што доведува до задоцнети последици. Плановите не ги реализирате. Почекајте поповолен момент.
Девица
Јасно знаете што сакате и тоа го спроведувате во дело. Бидејќи се изразени потребите за уредување на социјално-деловните односи, средете го тоа на ненаметлив начин. Имате предност во извесна ситуација, па искористете ја на најдобар начин. Поголема сума на пари е на повидок. Планетите ве поддржуваат во тоа.
Терезија
Иако сакате да ги реализирате плановите кои се важни за иднината, нека не ве изненади неочекуван пресврт на ситуацијата. Скорпиите се обидуваат да ги минираат вашите ставови, но доколку бидете тактични во согласност со вашиот астролошки знак, ќе биде супер. Не дозволувајте да ви влијаат на вашиот живот.
Скорпија
Поради нешто сте потиштени. Што ве мачи? Дали емотивна или физичка болка? Што и да е во прашање, не е добро. Се' е последица на тоа дека лошо се чувствувате и станувате свесни дека живеете во светот на илузијата. Општа исцрпеност.
Стрелец
Успевате да го решите проблемот. Каква среќа! Со помош на Водолијата и Девицата се' ви тргнува од рака. Благата нервоза е нормална состојба, бидејќи сте под константен стрес, работен или семеен. Кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека вашите стравови ги надминуваат нормалните граници. Борете се против нив.
Јарец
Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле, денес тоа со леснотија го надополнувате. Благата вознемиреност е последица на притисокот од вашиот чувствителен нервен систем. Се прашувате кога ќе ви тргне работата? Тоа веќе се случува, само што не сте свесни. Времето работи за вас.
Водолија
Искористете го моментот, зашто само со решителна акција ќе го решите проблемот. Доколку тактизирате и се колебате, можноста да пропуштите поволна шанса ќе стане очигледна. Внатрешната напнатост е резултат на желбата да се прикажете во најдобра светлина. Со Стрелците остварувате успешна комуникација.
Риби
Преокупирани сте со семејни проблеми. Сакате на подобар начин да го решите станбеното прашање. Некои Риби ќе имаат среќа да успеат од минимум да извлечат повеќе одошто претпоставуваат. Сепак, не ценкајте се, туку прифатете ја понудата зашто ќе го изгубите и она што го имате.