Албанската Влада најави дека ќе побара од надлежните институции да се спроведе независна истрага против Карла Дел Понте, која како јавна обвинителка на Хашкиот трибунал покренала тенденциозни истраги без аргументи против Рамуш Харадинај.
Во едно соопштение до јавноста Владата на Албанија бара од Генералниот секретаријат на ОН и на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија да започне веднаш истрага за да се дојде до вистината за ова прашање.
„Албанската влада целосно го поддржува и барањето на Владата на Хрватска околу обвинението на Карла Дел Понте против Анте Готовина. Макфакс