Вознемирувачко откритите – мажите ги привлекуваат жени кои личат на нив

 

Тим француски научници дојдоа до интересни резултати. По нивното последно истражување, тие заклучија дека мажите ги привлекуваат жени кои личат на нив, без разлика дали се работи за бојата на косата или очите, или пак јаболкниците или цртите на лицето.

Иако најчесто се прават студии за да се покаже кои манири и карактеристики кај една жена се привлечни за мажот, француските научници од Институтот за еволуциски науки решија да обрнат внимание на се она што е дел од генетската селекција, како очите, косата, и цртите на лицето.

Во истражувањето, научниците се бавеа со две еволутивни хипотези. Првата е хомогамијата, односно дека сличните луѓе меѓу себе повеќе се привлекуваат, а втората е “несигурното татковство” според која мажите кај жените ги привлекуваат рецесивните карактеристики.

Научниците им дадо слики од жени на стотици мажи, барајќи од секој од нив да ја избере најпривлечната. Се покажа дека најголем процент од нив ја бираат таа што личи на нив. Потоа тие анализираа и брачни парови кои имаат повеќе од едно дете, со цел да се види уделот на генетиката при изборот на партнерот.

Резултатите од истражувањето покажаа и дека брачните пратнери, по изглед, личат многу повеќе еден на друг отколку случајно избрани маж и жена.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: