Екипата на Мајк Д'Антони повторно ги разочара своите навивачи, откако загуби по втор пат во последните 3 домашни натпревари. Овој пат Лејкерси го контролираа мечот во првите три четвртини, а потоа се распаднаа во последната. Орландо беше предобар противник. Магичните уфрлија 40 поени во последните 12 минути, па на крајот славеа со 113-103.
Црногорецот Никола Вучевиќ беше одличен за победничкиот тим со 17 поени, 12 скокови и четири блокади. Целиот натпревар одлично се снаоѓаше против поранешниот играч на Меџик, Двајт Хауард. Главниот херој на Орландо беше Арон Афлало со 30 поени, 5 скокови и 5 асистенции, но Орландо имаше и “помош” од Хауард и Д'Aнтони.
Имено, тренерот на “езерџиите” го остави Хауард во игра во завршницата на натпреварот, а Орландо тоа одлично го искористи, па во секој напад на Лејкерси Хауард се наоѓаше на линијата за слободни фрлања. На крајот, тој имаше учинок 9/21 од оваа позиција, додека По Гасол, инаку одличен од линијата за слободни фрлања, го проследи крајот на мечот од клупата.
Пронајдете не на следниве мрежи: