Пред еден месец, Ридинг во Лига Купот водеше против Арсенал со 4-0, по што гостите стигнаа до неверојатни 4-4, што ги одведе до продолженија. Во додатните 30 минути, гледачите погледнаа уште 4 голови – Арсенал славеше со неверојатни 7-5.
Овој пат ќе опишеме натпревар каде што паднаа “само” 7 погодоци, и тоа сите во првите 45 минути од мечот. Ридинг поведе, па Манчестер Јунајтед направи пресврт на 1-2, па домаќините повторно поведоа со 3-2, а на крајот Јунајтед стигна до конечните 3-4. Конечниот резултат го постави Робин Ван Перси во 34 минута.
Холандскиот напаѓач секако ќе остане запаметен по уште 2 ситуации. Најпрво не му признаа чист погодок. Имено, судиите не виделе дека топката ја минала гол-линијата, иако тоа беше очигледно. Меѓутоа, Ван Перси сигурно повеќе го заболе она што се случи во 66 минута. Ван Перси ја украде топката од невнимателниот домашен голман, го заобиколи истиот, и потоа – промаши празен гол. Навистина несекојдневно промашување за напаѓач од светска класа, за кој Манчестер Јунајтед плати повеќе од 30 милиони евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: