Интересен е фактот, а секако и несекојдневен дека посетителите на ПУЛС24 провеле вкупно 411 дена на сајтот на 30 ноември според статистиките на Гугл аналитикс.
Имено, тој ден сме имале вкупно 132,584 посети со просечна должина од 268 секунди. Кога ќе се помножи бројот на посети со должината на просечната посета се добиваат 411,2 дена. И тоа само во еден ден. Посетителите тој ден прегледале неверојатни 404,001 страници. Ова се бројки кои заслужуваат респект, а ние во оваа прилика сакаме на сите наши посетители, читатели и фанови да им се заблагодариме за довербата, со напомена дека сме тука за вас.
Истовремено најреномираниот светски сервис за рангирање на сајтови ALEXA.COM истиот ден го рангира ПУЛС24 на највисокото место што досега сме го забележале (6.900) на светско ниво, што претставува подигнување на рангот тој ден од 2.400 сајта во однос на моменталниот ранг на ПУЛС24 и тоа погоре…
Како за споредба агрегаторот ТАЈМ.МК, кој не создава свои вести, туку само ги собира туѓите, а кој се наоѓа на второ место, на светско ниво е рангиран во распонот од 12.600 (најдобро) до 14.350 (најлошо).
Мислиме дека споредбата на бројките е јасна.. Во текстот ги објавуваме скриншотовите (сликите од декстопот) на сите овие бројки, како илустрација…
Истовремено сакаме да ве упатиме на ранглистата на македонски сајтови која ја прави АГРЕГАТОРОТ ИНФО.МК
каде што ќе можете да ги видите бројките за првите 100 македонски сајтови, без цензура и дотерување по желба, како што на пример прават некои други сајтови…
https://info.mk/Rank
Бидете со нас, само што започнавме.
Тимот на ПУЛС24.МК
Пронајдете не на следниве мрежи: