Возачите неретко завршуваат во долги колони, секој ден има определено време кога постои голема шанса ова да се случи. Но, тешко е да се надмине оваа колона во Русија, која е долга 200 километри.
Едно неделно попладне, на главниот автопат меѓу Москва и Санкт Петербург, двата најнаселени градови во Русија, се појави колона од возила долга 200 километри, пренесува CNN.
Причината за создавањето на оваа колона, според руските медиуми, се маглата и снегот кои биле чистени од службите. Потребен бил цел ден за колоната да се намали на 54 километри. Иако тоа било значително подобрување, сообраќајот функционирал далеку од нормално, и покрај тоа што руското Министерство за Итни Случаи најавило дека се ќе биде доведено во ред во најбрзо можно време.
Овој сообраќаен застој се зголемувал со денови, откако на тоа подрачје започнал да паѓа снег. Кога снегот престанал да вее, веќе имало покривка со висина од 1 метар. Русите кои се нашле во оваа колона побарале одмор во блиските кафулиња, а на друштвените мрежи се жалеле дека страшно биле подигнати цените. На тој начин, тврдат тие, била искористувана несреќната ситуација во која се нашле возачите.
Пронајдете не на следниве мрежи: