Прекрасната мексиканска актерка им остана во паметот на многумина откако викендов се појави на филмскиот фестивал во Акапулко, облечена во долг фустан кој совршено ги потенцираше нејзините препознатливи облини.
Присутните се согласија дека времето е застанато за оваа прекрасна 46 годишна актерка. Секси стајлингот го надополни со едноставна женствена фризура, златна ташна и секси насмевка.
Таа не влегува во калапот со високи стандарди што го има поставено Холивуд за тоа како треба да изгледаат убавите жени, но сепак е една од најбараните актерки.
Неодамна изјави: “Тешко е во Холивуд, кога си над 40 години, зборуваш англиски со акцент, кога си низок, дислексичен и буцкаст. Јас сум сето ова и изгледа е вистинско чудо што се уште имам работа.”
Пронајдете не на следниве мрежи: