Младиот португалски манекен Ренато Сеабра, е осуден за кастрација и убиство на својот 65 годишен љубовник Карлос Кастро во Њујорк. Казната ќе му биде изречена на 21 декември.
Претепаното и осакатеното тело на 65 годишниот португалски новинар е пронајдено во неговата соба на 34 кат на хотелот Continental, минатата година во декември. Сеабра (23), го кастрирал старецот со отварач за вино, а тестисите ги ставил на зглобовите.
Тој е уапсен еден ден после инцидентот. Откако Кастра бил претепан до смрт, Ренато смирено си излегол од хотелската соба, ставајќи го знакот за да не ги вознемируваат. Адвокатите на Сеабра ја градеа својата одбрана на фактот дека тој го извршил убиството, но дека не може да биде казнено одговорен бидејќи е психички болен.Сеабра на поротата на Врховниот Суд во Менхетен, им соопшти дека тој е испратен од Бога да го ослободи светот од хомосексуалците.
Тој изјави дека всушност хомосексуалноста е демон кој ги опседнува луѓето, па така тој не направил ништо лошо освен што се обидел да го направи светот подобро место.
Меѓутоа, јавниот обвинител тврдеше дека Сеабра го убил љубовникот од бес, не од лудост и дека тој всушност сакал да ја понижи личноста која ја измачувал. Кастро после некое време му станал многу одвратен на Ренато, но ја продолжил својата врска заради богатите подароци и врските во модниот свет.
Повеќе од 20 доктори од болницата каде тој се лечи, заклучија дека навистина станува збор за психички пореметена личност. Но, главните експерти, сведоци на обвинителите заклучија дека Сеабра во моментот на извршување на злосторството не бил во состојба на непресметливост.
Пронајдете не на следниве мрежи: