Реал Мадрид со 2-0 го победи градскиот ривал Атлетико, но и покрај тоа, Атлетико остана на второто место на табелата, зад Барселона. Од овој натпревар добивме впечаток дека гостите премногу лесно го предадоа мечот, а единствено нешто во што фудбалерите се покажаа беше неспортското однесување. Така, бразилскиот напаѓач Диего Коста водеше војна со Серхио Рамос.
Конфликтот меѓу овие двајца започна уште минатата сезона, кога Серхио Рамос успеа да се извлече без последици откако му зададе удар со лакотот на Коста. Коста успеа да му врати во натпреварот на Бернабеу, а тоа можете да го погледнете овде.
Последниот “збор” сепак го имаше Рамос, кој покажа најлошо однесување. Го плукна Коста во лице додека судијата не гледаше. Неверојатно е како се извлекуваат со ваквите потези без последици. Можеби казната ќе стигне додатно.
Пронајдете не на следниве мрежи: