Филмот го чекаа цела година, а кога дојдоа во кино-салите, ги чекаше неверојатно искуство.
Вртоглавица и мачнина се појавиле кај некои од обожавателите кои го гледаа “Хобит” во новозеландските кино-сали. За тоа веројатно придонесе пребрзата измена на сцените, како и неверојатно реалните специјални ефекти.
Имено, режисерот Питер Џексон во текот на снимањето користел многу иновативни решенија. Снимал во техника на 48 слики во секунда, што е двојно побрзо од стандардните 24. За овој филм е користена и 3D технологија.
Сето тоа за некои обожаватели било премногу. “Ова не е за слабаци. Од ваквите сцени ќе ви излезат очите!” – тврди еден од нив.
Но, сите се сложни дека се работи за првокласен филм, а верните фанови, веруваме, ваквите гласини нема да ги спречат да го погледнат филмот. “Хобит” ќе ја доживее својата премиера во македонските кино-сали на 13.12.2012.
Пронајдете не на следниве мрежи: