Северна Кореја се подготвува да лансира нова ракета во Земјината орбита, со која во вселената би бил однесен опсерваториски сателит.
Времето на лансирање на ракетата е забрзано за периодот меѓу 10 и 22 декември, што коинцидира со годишнината од смртта на Ким Јонг-ил, кој почина на 17 декември минатата година.
Анонимен севернокорејски воен функционер изјави дека оваа земја се обидува да лансира во орбитата „опсервациски сателит“, но Вашингтон и Обединетите нации(ОН) веруваат дека тоа е само уште еден обид за тестирање на ракети со долг дострел.
Последниот севернокорејски обид во целост пропадна, бидејќи ракетата се распадна и падна во море.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: