Оваа недела Америка беше во хистерија благодарение на Power Ball лотаријата, каде главната добивка изнесуваше 588 милиони долари.
Нолан Дениелс, кој до неодамна бил само еден од стотици милиони корисници на Facebook, ја искористил оваа хистерија за да стане вистинска интернет-ѕвезда. Имено, Нолан на својот ѕид објавил фотографија во која држи “добитно” ливче од американската лотарија, а во коментарот пишувало “Никогаш повеќе нема да работам! Споделете ја оваа фотографија и на некој од вас ќе му подарам милион долари!”.
Се разбира, неговата изјава предизвикала вистинско Facebook-стампедо. Луѓето масовно почнале да ја споделуваат фотографијата. Овој измамник успеал до сега да измами околу 2 милиони корисници на најпопуларната социјална мрежа.
Меѓутоа, некои веднаш заклучиле дека станува збор за измама, бидејќи добитните броеви не биле поредени од најмалиот кон најголемиот.
Во секој случај, Нолан Дениелс ја стекнал својата слава благодарејќи на комбинацијата на човечката алчност и медиумското лудило кое завладеало.
Пронајдете не на следниве мрежи: