(Фото) Најскапата јахта на светот “Nirvana” чини неверојатни 230 милиони долари!

Преубавата јахта “Nirvana”, претставена на овогодинешното шоу на јахти во Монако, е направена минатата година во месец април. Претставува најголема креација на компанијата “Oceanco”. Долга е 88.5 метри. Името на јахтата “Nirvana”, е јасно поврзано со одличниот дизајн и перфектниот комфор кој го нуди оваа луксузна јахта. Човекот кој раководел со целокупното креирање на овој гигант се вика Сем Сорџовани. Тој со своето искуство и знаење, како и со иновативни идеи, е најзаслужен за совршеноста на ова дело. 

Главната палуба поседува пространост за сончање, базен, хидромасажна када, бар итн. Овде е сместен и делот за одмор, кој со луксузната софа и уметничкиот дизајн на ентериерот навистина нуди несекојдневен комфор. До главната палуба се наоѓа трпезарија со прекрасна маса за 12 луѓе. Собите се дизајнирани на различни начини, за сопственикот полесно да може да најде сместување кое ќе им одговара на неговите гости. Јахтата располага со 4 двокреветни соби и еден VIP апартман за 4 личности. 

На располагање е и салон за убавина, мини спа каде можете да уживате во масажа, повеќе хидромасажни кади, 3D кино, теретана итн. 

“Nirvana” е моментално достапна за цена од неверојатни 230 милиони американски долари. Во пакет со јахтата доаѓа и глисер, како и 6 скутери за на вода. 

Пронајдете не на следниве мрежи: