Женски тајни кои мажите многу добро ги знаат

Loading...

Ако жените сакаат да сокријат нешто, тие тоа и ќе го направат. Но постојат неколку женски тајни кои мажите едноставно ги знаат, само не превземаат ништо во врска со нив…

 

Чување сувенири од минатите врски

Секоја девојка чува кутија од своето минато. Во неа се наоѓаат влезница за кино, шеќерче од некое кафе, сувенир од нечиј стан, влезинца на концерт… Сите овие сувенирчиња се дел од минатите врски на жената, кои таа ги погледнува од време на време. Со тоа се потсетува и на убавите и на лошите моменти од минатото.

 

Жените сакаат поклони

Без разлика дали ќе ви каже 1, 7 или 59 пати дека не сака поклон, девојката всушност сака поклон. Не е во прашање една ружа, букет или 101, во прашање е мислата. Таа ќе се израдува и на малата ситница ако се сетите да ја купите.

 

Кавга пред кавга

Пред да ја почнат караницата со партнерот, жените веќе ја имаат извежбано во нивната глава. Зошто се караат, како ,со кои аргументи и кој ќе биде исходот, сетоа ова веќе поминало низ женската глава, најверојатно додека била под туш.

 

Не ја сакаат најдобрата пријателка на момчето

Нема да признаат, но жените се љубоморни на најдобрите пријателки на нивните момчиња. Самата помисла дека нивниот партнер ги кажува своите чувтсва и тајни на друга девојка ја полудуваат жената, и таа чувствува страв дека може многу лесно да се оддалечи од момчето. 

 

loading...