Веќе е официјално – принцезата Кејт е бремена

 

Веќе некое време се шушкаше во јавноста, а сега веќе е и официјално, принцезата Кејт и принцот Вилијам за 9 месеци од сега ќе го дочекаат своето прво дете.

Откако во палатата св. Џејмс се објави оваа радосна вест, обожавателите на парот слават низ цела Британија, исто како и на денот на венчавката.

Прв им честиташе премиерот Дејвид Камерун: “Среќен сум за принцот и принцезата и им честитам. Ќе бидат одлични родители.”

Веста се дозна откако сабајлево Кејт се обрати во болницата св. Едвард поради мачнина, каде докторите и ја соопштја среќната вест. Парот веќе изјави дека едвај го чека првото дете, за кое воопшто не им е битно дали би било женско или машко, се додека е здраво.

Им честитаме!

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: