Позната обложувалница даде понуда за специјален сингл за едномесечното синче на Лионел Меси, Тиаго.
Тиаго е веќе член на клубот на навивачи на Њуелс Олд Бојс во кој Меси како тинејџер играше пред да се пресели во Барселона.
Позитивниот медиумски бум се обиде да го искористи познатата обложувачка куќа „Педи Пауер“ која малиот Тиаго го додаде во својата понуда.
Имено, обложувалницата дава коефициент 25 дека Меси јуниор еден ден ќе заигра за репрезентацијата на Аргентина, но во исто време има и понуда за опција дека Тиаго наместо Аргентина ќе ја одбере Шпанија, а за тоа е понудена квота од 66.
Пронајдете не на следниве мрежи: