Од екипата на Милан ги демантираат сите шпекулации дека бразилскиот напаѓачки тандем Пато-Робињо ќе го напуштат клубот.
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани истакна дека Милан нема намера да го продадат Робињо ниту пак Пато во овој зимски преоден трансфер-период.
„Вистина е дека Сантош се интересира за Робињо, но тој не е на продажба. Со агентот на Пато разговаравме и тука нема никакви приказни околу нивно напуштање на тимот“ изјави Галијани.
Меѓудругото, Галијани вели…
„Во моментов имаме 32 фудбалери на располагање, и доколку никој не го напушти клубот, никого нема да доведеме во Милан“ заврши Галијани.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.