Казнета турска телевизија поради епизода на Симпсонови

Loading...

Турскиот одбор за радио и телевизија казни една приватна телевизиска станица поради емитување на епизода на американската цртана серија „Симпсонови“, во кои се прават шеги на сметка на Господ, јавија локалните медиуми.

Врховниот одбор за радио и телевизија (РТУК) ја казни телевизијата ЦНБЦ-Е со 22.700 евра поради епизодата во која Господ е прикажан како Сатана со шолја кафе во рацете и поради тоа што еден од ликовите поттикнувал друг лик на убиство во име на Бога.
РТУК ги обвини популарните Симпсонови за сцени во кои се палат примероци на Библијата, а млади луѓе поттикнува на консумирање на алкохол. Оваа не е прв пат РТУК да казнува телевизиска станица поради емитување на серии, кои според оценка на советот, го навредувале Бога, историски водачи или семејни вредности.

Макфакс

loading...
Loading...