Тајфунот Бофа беснее на Филипините

Повеќе десетици илјади Филипинци се засолнија во вторник во јавни засолништа заради минувањето на тајфунот Бофа, најсилен во годината, кој беснее на југот на архипелагот.

Бофа го погоди брегот од источната страна на јужниот остров Миндана, со ветрови со брзина од 210 километри на час и пороен дожд.
Три лица настрадаа при кршење на стебла, а едно доживеа срцев удар, но нивната состојба не е позната, изјави шефот на цивилната заштита Бенито Рамос. Едно лице се смета за исчезнато на централниот остров Лејта.
Градовите и селата се во темница бидејќи властите ја исклучија струјата за да спречат пожари и кратки споеви на островите обично поштедени од тајфуните.
Над 40.000 луѓе ги напуштија домовите во крајбрежниот појас, како и во зоните каде што има опасност од лизгање на земјиштето. Воздушниот и поморскиот сообраќај е во прекин, а училиштата се затворени.
Тајфунот малку ослабна и се движи кон североисток.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: