Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е казнет со 10.000 евра поради непримерен транспарент кој беше истакнат од страна на навивачите во текот на саботното градско дерби против Торино во Серија А.
Поддржувачите на Јуве во еден момент од натпреварот извадиле транспарент каде што пишувало “Ние сме гордоста и славата на Торино, а вие сте само несреќа!”. Тоа било алузија на авионската несреќа во која во 1949 година настрадала целата екипа на Торино.
На овој инцидент свој коментар дал Сандро Мацола, чиј татко Валентино загинал во споменатата трагедија.
“Овој транспарент е доказ дека живееме во држава која паднала на навистина ниско ниво во секоја смисла.” – рекол големиот фудбалер на Интер.
Потоа, Торино бил казнет со 25.000 евра затоа што навивачите на Торино уништиле голем број столчиња на стадионот на Јувентус.
Пронајдете не на следниве мрежи: