Војната е испишана на нивните лица како со метален калап, а промената на нивното битие може да се забележи и на нивниот надворешен изглед.
Војната убива! Тоа го знаеме веќе одамна…Имено војната доведува до разорување, несреќа, беда и трагедија, а на овие фотографии сето тоа добива една поинаква димензија.
Имено за војната обично се говори позади агол на оние на кои таа несреќа им е доведена, а малку се води сметка за оние кои ја нанесуваат таа несреќа, бидејќи се смета дека тие не заслужуваат внимание.
Фотографот Лалаж Сноу не се согласува со тоа. Стационирана во Кабул, престолнината на Авганистан, таа осум месеци крстарела низ оваа земја фотографирајќи ги британските војници во склоп на нејзиниот проект наречен 'Ние не сме мртви!'
Тоа што е забележано од нејзиниот објектив е крајно вознемирувачки, не постои друг збор кој може да ја опише трансформацијата на овие војници. Војната е вградена во нивните лица, а нивната внатрешна пореметеност е видлива од секој агол.
Пред да отиде во војната, еден од војниците изјавил дека воопшто не е загрижен и дека тоа е неговата работа. После три месеци изјавил дека очите му се конечно отворени. После 4 месеци додал дека засекогаш ќе постои стравот дека може во секој момент да одлета во воздух…
Војната е испишана на нивните лица како со метален кала
Пронајдете не на следниве мрежи: