Запознајте ја калуѓерката што носи мини здолништа и високи потпетици – фото

 

За Сали Хичнер може со сигурност да кажеме дека е се освен обична калуѓерка. Таа на својот твитер профил се опишува себеси како “англиска калуѓерка, верски советник, презентер и пронаоѓач на необични работи”.

 

 

Оваа 32 годишна калуѓерка на англиската црква, минатата недела позираше за еден англиски магазин, во екстравагандни модни комбинации, а сликите беа објавени под наслов: “Калуѓерката носи Прада.” Меѓу другото, таа се бави и со нешто што го нарекува “модна теологија”, која се објаснува преку тезата дека луѓето добро се чувствуваат добро за себе, ако се задоволни од својот надворешен изглед.

 

 

Така, оваа калуѓерка позираше во кожна јакна Frances Leon од 600 евра, Прада ташна од 620 и тесни кожни шорцеви кои чинат 1300 евра. Ретко кое свештено лице може да си дозволи ваква гардероба, Сали и самата го вели тоа, па затоа и изјави дека ја позајмила гардеробата за снимањето. Инаку таа ужива во убавата облека и може да си ја дозволи од ефтините продавници како Топ Шоп. 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: