Катастрофа на повидок: Американците под закана од “Сајбер-Перл Харбор” напад

Доколку не превземат некои итни мерки, на Американците им се заканува сајбер-катастрофа од огромни размери, како нападот на Светскиот Трговски Центар или Перл Харбор, смета поранешниот директор на Агенцијата за Национална Безбедност, Џон МекКонел. “Веќе добивме предупредување дека ни се подготвува сајбер 11/9.” – пренесуваат од Cnet. МекКонел смета дека хакерските напади на американските банки пред неколку месеци, како и нападите на нафтените компании во Саудиска Арабија и Катар се големо предупредување за опасностите кои следат. 

Таков напад би го уништил банкарскиот систем, електричната мрежа и друга важна инфраструктура, со што би бил предизвикан комплетен хаос: “Одеднаш нема да има струја, нема да има начин на кој ќе можете да дојдете до пари, не можете да заминете од градот ниту да се поврзете на интернет, а не можете ниту да се потпрете на банките.” – вели МекКонел за ова страшно сценарио. 

Сепак, сомневањата дека Иран или некои терористички групи во моментов се способни за ваков напад постојат, иако МекКонел е сигурен дека многу брзо Иран ќе дојде до вакви можности. 

Иако предупредува дека Американците мораат нешто да направат додека не е предоцна, заборава дека, ако се верува на бројните сигурносни аналитичари, токму Америка пред неколку години започна со сајбер-нападите на Иран, создавајќи ги вирусите Stuxnet и Flame. Постоеа информации дека со вирусот Flame бил шпиуниран и францускиот претседател Саркози. 

Пронајдете не на следниве мрежи: