Низ бројните текстови кои сме ги напишале на тема секс и тоа какви сме во него (мажите генерално), досега и сами сконтавте дека сме во состојба се да доведеме макар и некоја врска со тоа – какви сме во креветот.
Како јадете, како зборувате, како се однесувате, како се облекувате… така е – такви сте во сексот.А што со она – како работите? Е, па и тоа го поврзавме! Затоа, еве кои мажи според занимањето со кое се бават се најдобри во креветот!
Келнери – муштеријата е секогаш на прво место и што е уште поважно, муштеријата секогаш мора да си отиде задоволен од услугата. Од друга страна, просечен келнер во текот на една смена опслужува дури 10 муштерии, па неможе да се рече дека верноста им е јака страна.
Правници – нивниот живот е регулиран од закони, може да се каже дека правниците во сексот се рутински. Иако својата партнерка можат прилично да ја убијат во поим барајќе ДУПКА ВО ЗАКОНОТ со суви проби, односно нефантазирачки секс, за нив е добро тоа што секогаш се спремни да учат, учат и учат. Така правниците со непрестано усовршување може да станат чудо од љубовници.
Униформирани лица – полицајци, војници, пожарникари… се чест фетиш на многу жени. Ги сметаат за исклучително добри љубовници, што во некоја рака, психолошки гледано веројатно тоа е точно. Нивното занимање бара голема самодоверба, сигурност и силен карактер, но и авторитет. Баш она што во креветот на многу жени многу се цени. Но, пак за нив истотака важи дека не се баш најверни…
Политичари – досадни и воглавно со празните политички говори умеат да блефираат. Сепак, на крајот не „навлекуваат“ да поверуваме во нивните лаги, а тогаш почнуваат перверзиите. Така е и во сексот. Политичарите жената ја заведуваат со неверојатни трикови и фори од кои ќе и се сврти паметот и се претпоставува дека сите златници им се вредни, но кога најпосле ќе ја вовлечат во кревет почнува е**ње во здрав мозок! Чувајте се од нив…
Лекари – луѓето во бело, меѓу жените важат за врвни љубовници. А како да не се – ја познаваат анатомијата во малиот прст. Сепак, за лекарите истотака важи правилото дека во сексот се себични, а жените ги забележуваат премногу стерилно. Во прашање е веројатно професионална деформација која можеби е најдобро опишана во златниот правило на лекарскиот повик – најважно е да не се поврзувате со пациентите…
IT експерти – иако многумина бегаат од експертите за информатичка технологија на полето на сексот и љубовта, нивната остра рационална функција, може да се види од друга точка. Како што е целиот нивен живот подреден на логични функции кои имаат за цел склопот од ситни механизми да се стават во функција, можеби како и во сексот. Можеби неговата природна љубопитност ќе им ја покрене желбата да најдат некоја функција што вашиот организам ќе го доведе до оргазам. Логично, нели?
Занаетчии – можеби не се така суптилни, нежни и романтични како лекарите, правниците и другите горе споменати, но за жените – тајната на занаетчискиот алат е во нивните прсти. Што ќе поправи тој, сметајте го за ПОПРАВЕНО!
Пронајдете не на следниве мрежи: