Роберт Фајер својата, сега веќе поранешна девојка Наоми Хемпсон ја успивал со седативи, потоа ја облекувал, и ги лакирал ноктите, ја фотографил, а потоа ја силувал.
Работата му била лесна бидејќи неговата девојка била алкохоличарка и затоа ништо не паметела наредниот ден.
Наоми Хемпсон (27) од Велика Британија после две години, дознала дека многу долго време била жртва на својот дечко кој ја заспивал со седативи, а после тоа ја силувал. Пред самиот чин, Роберт Фајер ја облекувал, и ставал накит и фотографирал а неколку пати и се снимал додека го правел гнасниот чин. Девојката целиот бизарен случај го дознала откако полицијата упаднала во нивниот стан за сосема друг случај и ги пронашла грозните фотографии на нивниот компјутер.
Згрозена од целата ситуација, на неа не и се верувало дека некој може такво нешто да направи. Самата помисла дека не се сеќава на ништо од тоа ја ужаснува. Роберт Фајер, нејзиниот дечко признал дека во последните две години, тој ја силувал често додека таа спиела. Тој е осуден на 8 години затвор.
Имено пред две години, Наоми дознала дека нејзиниот татко е болен од рак, па почнала да пие. Чести биле моментите кога таа се будела на софата со шипе алкохол во раката. Во тие моменти, Фајер користел најмногу што може, ставајќи и седативи во алкохолот за поцврсто да заспие.
Пронајдете не на следниве мрежи: