Неколку факти за зимата

Loading...

Со оглед на тоа што Охрид, Гостивар и Маврово веќе го видоа првиот снег за оваа сезона, очигледно е дека зимата ни е на прагот. Да погледнеме неколку интересни факти за зимата, можеби ќе ви користат во некој разговор за студеното време или за снегот. 

 

Снегулките не се исти

Снегулките започнуваат да се формираат како мразни кристали околу мали парчиња прашина во воздухот. Како што паѓаат на земјата, овие кристали се соединуваат и формираат снегулки. Обликот на секоја снегулка се формира според температурата, ветерот и времето додека таа паѓа на земја.

 

 

 

Најголемата снегулка

Според Гинисовата книга на рекорди, на 28 јануари, 1997 година, е забележана најголемата снегулка на светот во Горд Ког, Монтана, САД. Таа била долга дури 38 см и дебела 20 см.

 

 

 

Чионофобија – страв од снег

Дали знаевте дека постои и страв од снег? Една од главните компоненти кај овој страв е идејата дека ќе останат затрупани. Од ваков страв може да се јави ладно потење, напади на паника, итн.

 

 

 

Црниот мраз е најопасен

Црниот мраз се смета за најопасен од сите, бидејќи од една страна не е јасно видлив (дури некогаш и нема да го забележите), а од друга страна е најтенок и најлизгав.

 

 

 

Ако мислите дека вам ви е ладно – погледнете го ова! 

Најниската измерена температура е -128 степени Целзиусови, во станицата Восток на Антарктикот во 983 година.

 

 

Највисокиот Снешко на светот

Највисокиот Снешко е направен во Мејн, САД, а локалните мештани го планирале 5 месеци. Овој Снешко, направен во 1999 година, бил висок неверојатни 34 метри.

 

 

 

 

loading...