Експлодира бомба во канцелариите на грчката ултрадесничарска партија „Златна зора“ во близина на Атина, во предградието Аспропиргос.
Бомбата експлодира во вторник рано наутро, предизвика голема штета, а жртви нема.
„Беше тоа силна експлозија која предизвика голема штета“ вели полициски службеник кој сакал да остане анонимен.
По големиот гнев на јавноста поради штедењето, корумпираните политичари и илегалните имигранти „Златна зора“ се појави неочекувано и стана трета по ред грчка партија, според истражувањата на јавното мислење.
Неколкумина грчки политичари рекоа дека „Златна зора“ би требало да биде прогласена за противзаконска поради нејзината реторика и симболи кои личат на Нацистичката партија и грчката воена хунта од 1967-1974. Меѓутоа партијата, отфрла било каква сличност.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: