Сексот е омилена тема на луѓето, а прашањето како да се подобри неговиот квалитет уште поомилено, па ви нудиме совети што да конзумирате повеќе за да сексот би бил поквалитетен и позабавен…
Банана
Уште древните народи верувале во моќта на бананата за подигнување на машкото либидо и ја користеле како афродизјак. Подоцна научниците и официјално потврдиле дека бананата содржи многу ензими, витамини и минерали кои се важни за подигање на либидото и помагаат за подобра сексуална издржливост.
Чоколадо
Чоколадото е слатко задоволство за секој еден човек, а самото чоколадо како симбол има сексуално потикнувачко дејство. Но, од нутриционистичка гледна точка, содржи еден алкалоид кој е многу сличен на кофеинот и има голема улога во потикнување на сексуалната моќ и сексуалната издржливост.
Мед
Медот е уште една слатка и значително корисна супстанца за човековиот организам. Медот го зголемува либидото, но и го зголемува нивото на тестостерон кај мажите со што ја зголемува сексуалната издржливост.
Смоква
Смоквата отсекогаш се опишува како многу сензитивно овошје, па затоа научниците му посветиле многу внимание. Многу аминокиселини кои се ретки во природата ги има во смоквата. Тие го потикнуваат либидото и ја подобруваат сексуалната издржливост.
Бадеми
Бадемите содржат здрави состојки, кои му помагаат на мозокот да функционира правилно. Освен за мозокот, овие состојки се особено важни за хормоните и го регулираат нивното лачење, а со тоа и помагаат за подобрување на квалитетот на сексот.
Пронајдете не на следниве мрежи: