Играта на Интер дека Весли Снајдер е повреден, па дека поради тоа не е во составот, не можеше да трае вечно. Ако ништо друго, Интер мораше да мисли на заштитата на интегритетот на својот медицински персонал, кој почнуваше да изгледа смешно во приказната дека не можат да санираат повреда која воопшто не изгледаше сериозно.
Вистината, сега кога преговорите за неговиот нов договор излегоа во јавноста, отвора уште повеќе прашања од претходно. Официјалната пирказна е дека Интер сака да го намали трошокот на плати на фудбалерите, па најскапо платениот фудбалер во Италија мора да биде првиот кој ќе се жртвува.
Овој потег има совршена смисла од гледна точка на клубот. Интер е во многу лоша финансиска состојба, па како и клубот од другиот крај на градот, и Интер мора да прави рестрикции во платите на фудбалерите.
Но нивниот избор за фудбалер со кој ќе започне операцијата – 28-годишниот Весли Снајдер кој се смета за еден од најдобрите фудбалери на светот, и се наоѓа на врвот на својата кариера во поглед на возраста – е бизарен, и води кон отворање на нови гласини и хипотези. Најпопуларната меѓу нив е дека тренерот Андреа Страмачиони повеќе не го гледа Снајдер како дел од својот тим. Невозможно е ова да е точно, но голем број фактори не се вклопуваат во приказната.
Тактички, тешкотиите да се вклопи Снајдер во играта на Интер се присутни уште од пред доаѓањето на Страмачиони. Бројни тренери имаа проблеми со наоѓање на место за Снајдер во тимот (во улога на trequartista) во 4-3-1-2 формација, затоа што тоа остава многу фудбалери кои не даваат придонес во одбраната. Репризи на формацијата 4-2-3-1 од Жозе Мурињо создаваа проблеми бидејќи беше тешко да се натераат крилните фудбалери да се враќаат за помош во одбраната. На Мурињо ова му одеше од рака со Самуел Ето и Горан Пандев, иако Ето беше противник на идејата од самиот старт.
Системот 3-4-3 на Страмачиони функционира со Родриго Паласио и Антонио Касано зад Диего Милито, па местата каде што Снајдер би можел најлесно да влезе во комбинација се веќе зафатени. Касано и Паласио се совршено вклопени за тие позиции, но факт е дека Паласио не може да го мери својот придонес во играта со оној кој го имаше Самуел Ето. Тешко е да се верува дека Снајдер, како класична “10-ка” не може да се вклопи во систем со тројца напаѓачки фудбалери, од кои двајца имаат многу слобода во поглед на движењето и немаат многу обврски во дефанзивна смисла.
Факт е дека никој всушност не знае дали Снајдер може да процвета во овој тим, затоа што тој не добил вистинска шанса. Интер прв пат заигра со одбрана составена од тројца фудбалери против Киево во Септември, а тоа случајно беше натпреварот кога Снајдер се повреди, по која Снајдер сеуште нема облечено дрес на Интер на теренот. Ова значи дека шансата на Снајдер во системот на Страмачиони се сведува на 26 минути одиграни против екипата од Верона.
Идејата дека тимот е лош во дефанзивна смисла не е поддржана од статистиката. Со Страмачиони, Интер прима гол на секои 67 минути без Снајдер, додека кога Холанѓанецот е на теренот, Интер ја вади топката од својата мрежа на секои 61 минута. Ова не е доволно голема разлика за да биде пресудна за неговата судбина.
Ако Страмачиони навистина верува дека Снајдер не се вклопува, тогаш зошто Интер не произнесе официјален став дека тој е на продажба? Ако навистина Страмачиони не го сака Снајдер во тимот, тогаш неговото изоставање од првиот тим дава јасна порака. Страма нагласи дека отсуството на Снајдер нема никаква врска со неговата ситуација со договорот, но тогаш веројатно Снајдер ќе добиеше шанса во минатите 2 натпревари, кога Касано беше суспендиран.
Ова изгледа како сценарио дизајнирано за вината да се префрли на играчот – ако тој бара трансфер клубот секогаш може да тврди дека сака да го задржи. Не е изненадување тоа што Снајдер одби да го потпише договорот што му го понуди Интер – никој не би потпишал такво нешто во овие околности. Но, сега постои ситуација каде клубот е решен да го принуди Снајдер на новите услови, а тој не сака ни да слушне за тоа се додека не се најде назад во составот.
Нема причина да не се верува во официјалната приказна, дури и сега кога ситуацијата е толку комплицирана. Само е тешко да се верува дека Снајдер е човекот со кој почнуваат реформите, кога Интер има четири Аргентинци постари од 32 години кои заработуваат над 4 милиони евра по сезона. Но, ако клубот добие избор да го задржи Снајдер со 6 милиони годишно, или да ја продолжи својата кампања на намалување на платите (а ова веројатно ќе се случи), веројатно е дека Снајдер ќе мора да замине од клубот каде што се издигна на врвот на светскиот фудбал.
Пронајдете не на следниве мрежи: