Египет без дневни весници

Водечките египетски дневни весници во вторник не излегоа од печат во знак на протест против Нацрт уставот за кој тврдат дека ја ограничува слободата на изразувањето, јави АП.

Агенцијата додава дека приватните телевизиски станици најавиле протест за среда, кога ќе се емитува сигнал со кој ќе бидат зацрнети екраните.
Противниците на египетскиот претседател Мохамед Морси за вторник планираат митинг пред претседателската палата, најнов против Нацрт уставот и декретот со кој Морси си даде широки овластувања.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: