Џенаро Гатузо после 13 години замина од Милан и потпиша за швајцарскиот клуб Сион. Во текот на викендот фудбалерите на Сион беа поразени на гостувањето кај Јанг Бојс (3-1) во 18-тото коло на швајцарското првенство. Во моментов Сион се наоѓа на четвртото место на табелата.
“Причината поради која јас и Неста заминавме од Милан е тоа што почувствувавме дека повеќе не сме му потребни на тренерот Алегри. Кога тренерот ќе ви каже дека на вас гледа само како на помошник тренер или како член на стручниот штаб, тогаш е јасно дека морате да заминете.” – изјави Гатузо за Газета Дело Спорт.
Меѓутоа, легендарниот италијански фудбалер во последно време ги полни насловните страници на спортските весници во Швајцарија.
На натпреварот меѓу Сион и Јанг Бојс, Гатузо пламна по еден прекршок на еден од неговите соиграчи.
Темпераментниот Италијанец го зема жолтиот картон од судијата и го покажа на еден од фудбалерите на Јанг Бојс. Главниот судија на натпреварот ова го проследил со насмевка, но на крајот на приказната жолтиот картон навистина бил покажан таму каде што требало. Овој пат од вистинскиот човек.
Пронајдете не на следниве мрежи: