Кинезите ќе садат зелка на Марс

Кинеските астронаути еден ден ќе можат да одгледуваат зеленчук на Марс и на Месечината, покажа првиот успешен научен обид направен во Пекинг, објавија државните кинески медиуми.

Четири видови зеленчук се одгледани во „вештачки екосистем“ на простор од 300 квадратни метри кои на идните кинески астронаути треба да им овозможи да си обезбедат сопствени резерви воздух, вода и храна во текот на вселенските летови, пишува кинeската официјална агенција Синхуа.
Овој екосистем би требало да се користи на вселенските бази на Марс и на Месечината, се додава во написот на агенцијата објавен во понеделникот.
Кина влезе во трката за освојување на Месечината и сака да биде првата азиска земја чиј астронаут ќе зачекори по површината на природниот сателит на Земјата. Во рамките на програмата под име „Chang'e“ веќе успешно лансираше две месечеви сонди 2007 и 2010 година. Покрај тоа Пекинг има големи напредоци во програмата за изградба на сопствена орбитална станица.
Јанг Ливеаи е првиот Кинез кој во 2003 година престојуваше во Вселената, а во октомври изјави дека сака Кинеската комунистичка партија којашто е на власт од 1949 година да отвори свој огранок на идната вселенска станица. „Доколку отвориме партиски огранок во космосот, ќе биде воедно и највисоката во светот“, изјави Јанг

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: