Му нуди 1,3 милиони долари на идниот сопруг за редовен секс

Жена од Саудиска Арабија се разведува од нејзиниот сопруг бидејќи тој не ја задоволувал во брачната постела. 

 

Таа сега сака да најде друг сопруг кој не мора да живее со неа, туку едноставно да и пружа сексуално задоволство.Разведената 33 годишна жена нуди 1,3 милиони долари за мажот кој е подготвен да стане нејзин сопруг. За да го пронајде за себе идеалниот сопруг, неименуваната милионерка објави оглас во еден од арапските весници дека е во потрага. После три години брак со незадоволителен сексуален живот , таа е подготвена да стапи повторно во брак, но со еден услов.

 

Условот е редовен секс!

 

Од првиот сопруг таа се развела бидејќи тој не бил подготвен да ги извршува своите брачни обврски, туку со неа се оженил само за пари. Сега таа многу повнимателно ќе го бира својот иден сопруг.

На многумина ова можеби ќе им биде чудно, со оглед на тоа дека Саудиска Арабија е длабоко религиозна земја во која ниту една вера освен исламот е дозволен. Сепак ова е помалку познато дека сето ова е во склоп со Куранот во кој пишува дека на жената и е дозволено да се разведе од сопругот доколку тој не ги извршува брачните должности.

Овие бракови се склопени само поради секс, а многу традиционални луѓе во таа земја гледаат на сето ова како на искривување на правилата од Куранот и гледаат на него како легален облик на проституција. 

Пронајдете не на следниве мрежи: