Фудбалерите на српскиот шампион Партизан одбија во вторникот изутрина да излезат на вообичаениот тренинг, во знак на незадоволство поради неисплатените плати и премии.
Како што јави Б 92, на играчите пред три дена им било ветено дека во понеделник ќе ги добијат премиите, но до тоа не дошло.
Поради ваквата состојба, играчите останале во соблекувалната, а тренерот Владимир Вермезовиќ ги чекал на теренот половина час, по што директорот на клубот Љубиша Тумбаковиќ одржал состанок со фудбалерите и најавил брзо решавање на ситуацијата.
Партизан во четврток треба да игра со руски Рубин во последното коло од групата Х од Лигата на Европа.
Макфакс