Агентот на Даниел Стериџ ги отфрли шпекулациите на медиумите дека неговиот клиент наводно барал 80 000 фунти неделна плата и стартно место во екипата за да премине во Ливерпул.
Стериџ во последно време се бори за минутажа во Челзи и се поголеми и погласни се шпекулациите дека 23-годишниот фудбалер наскоро ќе го напушти тимот , а како можна дестинација е Ливерпул.
Наводно, Ливерпул бил на чекор од ангажман на Стериџ во летниот преоден трансфер-период, но преговорите биле прекинати во последна минута.
„Даниел Стериџ нема барања во приликите на преговорите, посебно околу платата или минутажата во тимот, договорот меѓу клубот и играчот мора да се заснова на разбирање“ изјави агентот на фудбалерот.
Пронајдете не на следниве мрежи: