По бурната недела за Арсенал и нивниот стратег Арсен Венгер, англиските медиуми шпекулираат дека решение за Венгер би можел да биде напаѓачот на Њукасл, Демба Ба.
Сенегалецот игра одлично оваа сезона во дресот на Њукасл.
На 15 натпревари постигна 10 голови за Њукасл, во последното коло против Виган два пати ја затресе мрежата.
Познато е дека 27-годишниот Ба има клаузула во договорот со Њукасл од 7.5 милиони фунти, а како што се наоѓа во одлична форма, не е чудно што привлекува големо внимание меѓу клубовите.
Последните информации говорат дека Арсен Венгер е сериозно заинтересиран за услугите на Демба Ба, па се шпекулира дека би можел да му понуди договор во вредност од 60 000 фунти неделна плата, плус премии.
Пронајдете не на следниве мрежи: