Леброн Џејмс спортист на годината

Американскиот магазин „Спортс Илустрејтед“ го прогласи Леброн Џејмс за спортист на годината.

Џејмс наградата ја доби во година кога Мајами беше предводен токму од него во освојување на титулата во НБА-лигата. Прогласен е за најкорисен играч (МВП), како во основниот дел од сезоната, така и во финалето.

Летото, го помина на Олимписките игри во Лондон каде со Американската репрезентација го освои првото место.

„Индивидуалните награди не ми се важни, го работам ова бидејќи ова го сакам и целта ми е да бидам уште подобар“ изјави 27-годишниот кошаркар.

Пронајдете не на следниве мрежи: