МОК ја суспендираше индијската олимпсика асоцијација

Меѓународниот олимписки комитет (IOC) во вторникот ја суспендираше индиската асоцијација (IOA) поради мешање на Владата во изборниот процес на тоа тело.

Ова значи дека спортистите на Индија до понатаму нема да може да учествуваат на олимписките игри.
По неколку месеци предупредување, извршниот одбор на IOC ја суспендираше денеска OA поради тоа што не ги исполни барањата на меѓународната организација да одржи независни избори.
Покрај тоа што индиските спортисти нема да може да учествуваат на олимписките натпреварувања, IOA нема повеќе ниту да добива средства од IOC.
Индиските олимпијци може да добијат можност да настапат под олимпиското знаме.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: