Дури 4 месеци, проѕирна течност, без мирис и вкус, и течела од носот на американката Андри Арагон, секој пат кога ќе се наведнела нанапред. Но тоа не било едноставно капење од носот како при настинка, туку буквално и течела течност од носот. Таа посетила околу 10 различни доктори, но сите ја уверувале дека станува збор само за алергија.
Таа, како што самата вели, чувствувала дека нешто не е во ред, и продолжила да оди на докторски консултации, па така, конечно еден од докторите сфатил дека станува збор за ликвор или цереброспирална течност. Веднаш ја оперирале со тоа што и ги “закрпиле” дупчињата во синусите со кожа од стомакот и со тоа и го спасиле животот.
Ова е ретка и многу опасна појава, кој може многу лесно да има смртоносни последици ако не се реагира на време. По операцијата, таа останала уште неколку дена во болницата за да се осигураат докторите дека се прошло во најдобар ред.
Андри е задоволна од одност на хирурзите со неа и со исходот на целото патешествие низ кое поминала 4 месеци.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: