Амбасадорот на Србија во НАТО Бранислав Милинковиќ во вторник вечер извршил самоубиство на аеродромот во Брисел, дознава „Блиц“ од дипломатски извори.
Мотивите на оваа трагедија сè уште не се познати.
Амбасадорот на Србија во НАТО Бранислав Милинковиќ во вторник вечер извршил самоубиство на аеродромот во Брисел, дознава „Блиц“ од дипломатски извори. Мотивите на оваа трагедија сè уште не се познати.
Според информации на „Блиц“, Милинковиќ самоубиството го извршил на главниот меѓународен аеродром во Брисел, скокајќи од паркингот пред очите на Зоран Вујиќ, заменик министер за надворешни работи на Србија. Милинковиќ зад себе остави шестгодишен син.
Пред да биде именуван за амбасадор на Србија во НАТО, Бранислав Милинковиќ во Виена бил амбасадор на Србија и Црна Гора при Организацијата за европска безбедност и соработка(ОЕБС), а потоа специјален амбасадор во седиштето на НАТО.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: