Словенечкиот парламент во вторникот без ниту еден глас против го усвои законот со кој се реформира пензискиот систем и се воведуваат построги услови за заминување во пензија.
Новиот закон за пензиско и инвалидско осигурување, кој треба да стапи на сила на почетокот на наредната година, ја зголемува старосната граница за пензионирање на 65 години за двата пола.
Во пензија ќе може да се оди и со 40 години навршен стаж, но не за лица помлади од 60 години.
Реформата која треба да овозможи финансиска издржливост на пензискиот систем во наредните години ќе донесе заштеда од околу 150 милиони евра.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: