Македонските ракометарки загубија, убедливо, од Франција 16:29, во првото коло на Европското првенство.
Повеќе од поразот, селекторот Гино Стрезовски треба да биде загрижен од играта на неговите избранички, особено во нападот.
„Знаевме дека ова ќе биде исклучително тежок меч и дека нашата шанса ќе ја бараме на дуелите со Шведска и Данска. За овој меч, искорегиравме многу работи, но мечот едноставно беше тежок, очекував да даваме голови во напад, но ние тука целосно потфрливме, ние не шутиравме едноставно им додававме. Разбирам дека игравме против олимписки и светски првак, но нивната одбрана беше невозможна за пробивање. Ние одигравме коректно во одбраната, но дозволивме да примиме многу голови од контранапад, тоа не не можевме да го спречиме бидејќи лесно ги продававме топките во нападот. Ме налути тоа што не го одигравме она што се договаравме, но не треба да им се лутиме на ракометарките, толкав е нашиот вистинскиот и објективниот квалитет“, рече Стрезовски.
Според македонскиот селектор, играта против Франција не била онаа ‘вистинската’, успеал нешто да сокрие и за следниот меч.
„Ние нашата шанса ќе ја бараме против Шведска и Данска. Објективно ние немаме толкав квалитет да сокриеме нешто, но успеавме да ‘сокриеме’ некои комбинации со човек повеќе и човек помалку и комбинациите со менување на зонската одбрана. Не дека јас нешто криев, туку тие работи ги оставивме за мечот со Шведска. Против Шведска мора да го поправиме шутерскиот дел, добро е тоа што шведската зона не е толку висока како француската. Натпреварот со Шведска македонските ракометарки ќе го одиграат во четврток, на 6. декември, со почеток во 18 часот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: